Епидемијата на вирусот Зика кој кај бебињата предизвикува сериозни компликации, ова лето би можел да ги погоди Шапанија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Италија и други дестинации популарни меѓу туристите, пишуваат светските медиуми.
Од Обединетите нации стигна предупредување дека сите оние кои планираат претстојниот годишен одмор да го поминат на Медитеранот да бидат внимателни.
–Секоја европска земја во која живеат комарци од родот Аедес, се наоѓа во опасност од епидемија. Почнувањето на летото и зголемените температури ќе го влошат тоа, вели Жужана Јакаб, директорка на Светската здравствемна организација.
Се советува носење облека со долги ракави, користење на средства против инсекти и поставување на мрежи на прозорците.
OhridNews