Луѓето кои се често во контакт со книжни пари имаат поголеми шанси да се заразат со вирусот на грип.

Тестирањата спроведени во Женевската Универзитетска болница покажале дека вирусот на грип на книжните пари може да преживее 17 дена. Истражувачите напомнуваат дека ризикот е најголем за луѓето кои имаат чести допири со пари, како што се тоа вработените во банките, а можат да се заштитат со носење на ракавици, па дури и маски. Во студијата е проучувана способноста за преживување на обичните вируси на грип кои се јавуваат секоја година. 

ohridnews