После Голден Арт КЛ7 и Радовиш, позитивни случаи на ковид -19 пријави и составот на Струга. Според информациите од клубот позитивни тестови добиле дури седум ракометари.

Групата А каде се натпреваруваат Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга е ставена во мирување токму поради хаосот кој го приреди коронавирусот.

Паузата во Групата А ќе трае 15 денови, а потоа ако се биде во ред ќе продолжи со мечевите од третата рунда. Охрид на домашен терен ќе го пречека Радовиш.

OhridNews