Екипата на Интер е најново жариште на коронавирусот во италијанскиот фудбал. Клубот од „Џузепе Меаца“ пријави нов, вкупно шести фудбалер кој е позитивен на вирусот ковид- -19.

Англискиот интернационалец Ешли Јанг е најновиот случај, а преходно позитивни резултати добија Алесандро Бастони, Милан Шкриниар, Раџа Наинголан, Роберто Гаљардини и Андреј Раду.

Ширењето на коронавирусот во Интер е голем проблем за Антонио Конте кој ја подготвува екипата за продолжението од сезоната во Серија А. Интер во продолжението од сезоната ќе се судри со Милан.

Две екипи кои се на удар од коронавирусот се Џенова и Наполи. Составот на Џенова пријави над 15-тина случаи, додека помеѓу заразените во Наполи е македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

OhridNews