Задолжителниот карантин за Кристијано Роналдо заврши, откако Португалецот после 19 денови доби негативен тест на вирусот ковид -19, потврди клубот од Торино.

Тестот е негативен. Мерката за самоизолација прекинува и Роналдо се враќа на тренинзите, – се вели во соопштението од Јувентус.

Роналдо позитивен тест на коронавирусот доби во време кога настапуваше за португалската селекција. Потоа, во неколку наврати правеше тестови на кои добиваше позитивни резултати и мораше да отсуства од клупските и репрезентативните натпревари.

Јувентус викендов игра со Специја и се очекува Роналдо да конкурира за почетниот состав.

OhridNews