Ирскиот уметник Џон Куигли го репродуцирал познатиот цртеж на Леонардо да Винчи „Виртувијанскиот човек“ на арктичкиот мраз како би го свртел вниманието на светската јавност на топењето на мразот. Ледената прекривка на Арктикот постојано се повлекува и сега е на најниско забележано ниво од 2007 година. Цртежот на ренесансниот мајстор на кој е прикажан маж со совршени пропорции, раширени раце и низе, бил втиснат во мразот околу 800 километри од Северниот Пол.


Копијата на Куигли од 500 години стариот цртеж наречена „Виртувијанскиот човек кој се топи“ не е во потполност верна на оригиналот, бидејќи човекот бил нацртан без двете раце и една нога кои симболично се топат во морето. Според предвидувањата, ледената прекрива на Арктикот за неколку децении би можела целосно да исчезне за време на летните месеци.