Британскиот милијардер Ричард Брансон сопственик на компанијата „Вирџин Галактик“ во американската сојузна држава Ново Мексико го отвори првиот вселенски аеродром Spaceport Аmerica, од кој во 2012 или 2013 година треба да полетаат првите туристи во Вселената.

Ексцентричниот богаташ вчера го отвори вселенскиот аеродром кршејќи шише шампањ, откако облечен во црна спортска облека и во придружба на шетачи по жица се спуштил по јажиња од терасата.


Гостите, меѓу кои и 150 лица кои по просечна цена од 200 илјади долари веќе резервираа билети за летовите во Вселената, присуствуваа на демонстрацијата на летот на вселенскиот брод „White Knight Two“ (Белиот витез 2), кој ќе ги превезува првите патници надвор од атмосферата на Земјата.


Гувернерката на Ново Мексико, Сузана Мартинез, му ги предаде клучевите од „Spaceport America“ на астронаутот Баз Олдрин, вториот човек кој стапна на површината на Месечината по Нил Армстронг.

OhridNews
извор: „Макфакс“