Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк прогласен е за најдобар фудбалер во Премиер лигата во изборот од Асоцијацијата на професионални фудбалери.

27-годишниот холандски репрезентативец доби голема доверба од фудбалерите и успеа да победи во квалитетна конкуренција помеѓу Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро, Бернандо Силва, Еден Азард и Садио Мане.

Ван Дајк е само вториот дефанзивец кој ја освоил оваа награда. Прв фудбалер од последната линија на теренот кој се закитил со престижната награда е Џон Тери во 2005 година.

Минатата година за најдобар фудбалер прогласен беше Мо Салах од Ливерпул.

OhridNews