Љубителите на музиката вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе имаат можност да го проследат концертот на виолинистот Џафер Џафери од Македонија и пијанистката Милана Чернјавска од Германија.

Според најавите на програмата ќе бидат дела на В. А. Моцарт, С. Прокофјев, Ј. Брамс.

Џафер Џафери своето образование го започнува во родната Македонија, а потоа школувањето го продолжува на Академијата за музика и изведувачки уметности во Манхајм. Чест учесник е на музичките фестивали во светот, а како солист и камерен музичар соработувал со голем број значајни музички имиња. Добитник е на голем број национални и интернационални награди и признанија.

Германската пијанистка со украинско потекло Милана Черњавска е еден од најзначајните пијанисти на денешнинава. Со своите извонредни изведувачки способности непрестано ги воодушевува слушателите насекаде во светот. Покрај солистичката дејност, Черњавска често настапува и како камерен музичар, соработувајќи со извонредни музичари.

OhridNews