Вечерва од 21 часот во црквата „Св. Софија“ на програмта на фестивалот Охридско лето се рускиот виолинист Андреј Баранов и пијанистката Марија Баранова, кои пред присутните ќе изведат дела од Месијан, Бетовен, Изаи, Бритн, Равел и Сен-Санс.
Андреј Баранов се вбројува меѓу највпечатливите руски уметници од младата генерација. По сјајната победа на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2012, како и натпреварите „Benjamin Britten“ и „Henri Marteau“ тој гради исклучително успешна меѓународна кариера како солист, камерен музичар, и педагог. Студираше на Санкт-Петербуршкиот конзерваториум „Римски-Корсаков“ и конзерваториумот во Лозана кај легендарниот француски виолинист Пјер Амуајал.
По успешното деби со Санкт-Петербуршката филхармонија во 2005 г. тој настапувал во познатите светски сали: „Concertgebouw“ – Амстердам, „Bozar“ – Брисел, „Großer Saal Mozarteum“, „Cadogan Hall“ Лондон, „Gewandhaus“ – Лејпциг, „Konzerthaus“ – Берлин, „Tchaikovsky Hall“ – Москва, салите на Санкт-Петербуршката филхармонија. Баранов свирел со најдобрите оркестри: филхармониите од Луксембург, Брисел, Сендаи, Лондон, Санкт-Петербург, оркестарот „ MusicAeterna“, Штудгартскиот симфониски оркестар под диригентска палка на Т. Курентзис, В. Петренко, Н. Алексеев, М. Табачник и многу други.
Од 2012 г. тој е прв виолинист во Квартетот „Давид Ојстрах“. Предава на бројни мастер класи ширум светот. Свири на виолината на Страдивари „Huggins“ (1708) позајмена од фондацијата Nippon Music.
Марија Баранова уште на 10-годишната возраст почна да свири заедно со својот брат, Андреј Баранов. По победата на Рускиот натпревар на ансамбли „Мазур“ таа ја започна изведувачката кариера, настапувајќи како солист и камерен музичар во Русија, Германија, Англија, Франција, Швајцарија, Монако.
Како потврден камерен музичар, Марија Баранова беше прогласена за учесник на најдобриот дует на Академијата во Лозана, најдобар пијано соработник на Меѓународниот натпревар „Балтички ѕвезди“ во Санкт-Петербург и стана лауреат на Меѓународниот натпревар „Марија Јудина“ во истиот град. Во 2010 г., заедно со нејзиниот брат, победија на Маѓународниот натпревар на дуо во Катринхолм (Шведска). Нивните успешни концерти и мастер класи во Лозана со Пјер Амуајал и италијанскиот пијанист и композитор Бруно Канино резултираа со емисиите на Швајцарското Национално Радио.
OhridNews