Една виолина која е направена од славниот италијански мајстор Џузепе Гварнери би требало да биде продадена на аукција во Чикаго за најмалку 18 милиони долари, со што би станала најскапиот музички инструмент на светот.
Виолината била направена 1741 година, а името го добила по музичарот од 19 век, Анри Вјетен. Сопственик на скапоцениот инструмент е британскиот банкар Џен Строкер. Во светот денес постојат 140 виолини на Гварнери, а многу од нив се во сопственост на музеи и разни фондации.