Виолина на Страдивари, која пред две години била украдена на железничка станица во Лондон, била продадена на аукција за 2,3 милиони долари. Крадците вредниот инструмент го украле во моментот додека неговата сопственичка, јужнокорејската музичарка Мин-Џин Ким, се наоѓала во сендвич барот на лондонската железничка станица.

Во јули, речиси три години подоцна, полицијата соопшти дека ја пронашла виолината, во одлична состојба, на еден имот во централна Англија. Три лица биле обвинети за кражбата. Инструментот, кој датира од 1696 година, е еден од вкупно 400 виолини на Страдивари во светот. Аукциската куќа Тарисио, која ја организирала лицитацијата, соопштила дека целиот дел од приходот од продажбата на виолината че биде подарен на властите кои помогнале во нејзиното пронаоѓање.