Утревечер со почеток во 19 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи Концерт на млади виолинисти во рамки на четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“.
На фестивалот учествуваат ученици од Скопје, Битола, Штип, Кочани, Охрид и Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје.
Организатор на „Виолин фест“ е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија. Целта на фестивалот е отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.
Фестивалот кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија се одржуваше и вчера во Музејот на град Скопје.
OhridNews