Сродна на розевата, виолетовата боја е често меѓу најомилените бои помеѓу припадничките на понежниот пол. Ја наоѓаме во ладни нијанси, па и во потопли нијанси, па радо ра носиме во сите годишни времиња како би ни разубавила некој сив ден, или за да ги истакнеме нашите зелени или кафени очи.
Секој ден сме сведоци како виолетовата боја можеме да ја најдеме во колекциите на познатите светски дизајнери кои ја избираат за своите модели на ревиите и останатите случувања.
Исто така, добро е да се знае дека и за внатрешното и надворешното уредување на домот се повеќе се користат нијансите на виолетовата за да се освежи просторот и живеењето да се направи поудобно.
Ако се одлучите да нанесете виолетова сенка на очите, без проблем можете да нанесете и виолетово моливче кое погледот ќе го направи подраматичен. Исто така, ако сакате да имате некој поедноставен мејк-ап на очите, секогаш можете да изберете маскара со виолетова боја која ќе ви подари убав волумен и изглед на трепките, а вие ќе изгледате млади и модерни.
Со вистинската шминка одат и негувани нокти. Ако сакате да ги ускладите боите на очите и ноктите, на располагање ви стојат разни лакови за нокти во виолетова боја кои нема да ве остави рамнодушни.
Како тренд на сезоната, визажистите ги донесуваат виолетовите кармини кои одлично одговараат на секој тен. Многу убаво се комбинираат со некои едноставни фризури и вечерни случувања.
Штиклите, обетките и чантите дефинитивно ја освоиле виолетовата боја па така таа се наоѓа во тие модни додатоци кои со некоја бела или црна комбинација стојат беспрекорно добро и модерно.
извор:zanosna.com