Компанијата „Виолета“ веќе години наназад соработува со родилиштето во Охрид и тоа на начин да секое новородено бебе добива поклон породилен пакет од бејби влажни марамици и пелени.
Освен породилни пакети за новороденчиња компанијата „Виолета“ донираше и апарати „Пулс оксиметари“ кои се најнеопходни за грижа на бебињата, подлоги за пресоблекување и најново сега панели за греење.
Потребата од панели за греење тргна од родилиштето со цел престојот на нивните пациенти да биде попријатен а „Виолета“ веднаш одговори на иницијативата и во рок од два дена беа доставени. – велат од компанијата.
Додаваат дека нив на прво место им се мајките и бебињата и секогаш ќе се грижат за нив, но и дека се свесни колку здравствениот систем е под влијание и оптоварен од ситуацијата со Ковид 19 и дека сите работници во здравствените установи се вистински херои на денешницата.
Она што е важно е да сме тука едни за други и да се обидеме да придонесеме кога можеме и колку што можеме. – истакнуваат од „Виолета“.
OhridNews