Виножитото и громот не се ретка метеоролошка појава, но не се случуваат често истовремено. Жителите на градот Хаикоу во кинеската провинција Ханан во неделата попладне биле изненадени од дожд со грмотевици, но и фасцинантна глетка на небото.
По обилниот дожд на небото и понатаму имало громови, а бидејќи сонцето се пробивало низ облаците, во исто време се појавило и големо виножито. Еден фотограф успеал да го долови тој прекрасен момент.