На иницијатива на Европската Слободна Алијанса (ЕСА) – политичката партија на Македонците во Грција, Виножито, во Парламентарното Собрание на Советот на Европа поднесе предлог резолуција за „Дискриминирачките закони против етничките Македонски политички бегалци“.
Предлогот, официјално бил подесен во текот на последната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, и е поставен на веб страницата на Советот на Европа, а се очекува ова прашање да биде разгледано од Бирото на Собранието кон крајот на ноември. Виножито верува дека Бирото сериозно ќе го разгледа предлогот и ќе делува во најдобар интерес за македонските политички бегалци од Грција и ги повика разните тела на Советот на Европа да продолжат со следење на состојбите со човековите права во Грција.