Охрид од денеска е побогат за уште една музичка група. „Vinoluz“ е името на бендот што го сочинуваат: Наум Долоски – Мечкаров (вокал и продуцент), Филип Николоски (гитара), Димитри Атанасов (клавијатура), Димитриј Алчев (тапани и вокал), Блаж Ангелков (бас гитара).

Бендот ќе негува необичен правец, рок – рап, а како тоа звучи можете да чуете од нивната прва „трака“, што излезе во јавност денеска, во продукција на “M.W.P. Production”. Автор на музиката е Марјан Трпески.

Play> ПРВАТА ПЕСНА НА “VINOLUZ”

Mенаџерoт на “Vinoluz”, Никола Тунтев, вели дека бендот ќе биде отворен за соработка и настап на локалната музичка сцена и пошироко, каде Наум, Филип, Димитри, Димитриј и Блаж, ќе се обидат да се наметнат со својот уникатен стил.

OhridNews