Британскиот астроном и винар Иан Хатчеон своето „Каберне Шевињон“, од сопственото лозје во Чиле, го пуштил да ферментира заедно со прашина од метеорит, која маринирала во виното. Свежо собраното грозје прво 25 дена ферментирало само, за потоа во втората фаза да биде додадено старо парче ѕвезден камен, кој доаѓал од појасот астероиди помеѓу Марс и Јупитер.
Идејата поради која каменот бил ставен во виното била во тоа да му се даде шанса на секој да дојде во контакт со нешто што доаѓа од вселената. Иан објаснил дека кога пиете од виното, пиете елементи кои потекнуваат од периодот на раѓањето на Сончевиот систем. Метеоритот кој дал посебен вкус на виното паднал пред 6000 илјади години во пустината Атакама. Виното во чест на метеоритот било наречено Метеорито, а може да се набави во астрономскиот центар Тагуа Тагуа во Чиле.