Љубителите на џезот и виното, вечерва (19.08.), во хотелот „Филип“, ќе имаат исклучителна можност да уживаат во концертот на светски познатиот музички уметник од Охрид Владимир Четкар и неговиот секстет.

Ова е трета година по ред како се одржува овој концерт во хотелот „Филип“. Публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.

Вратите се отвараат во 20:00 часот, а концертот ќе започне во 21:00 часот.

OhridNews