Угостителската понуда на Охрид од неодамна е побогата со специјализираниот вински бар “Fresci del Lago”.
Сместен на вториот кат од трговскиот центар Амам, со поглед на езерото, “Fresci del Lago” нуди квалитетен избор на врвни италијански вина од регионот Пиемонте како и други пијалаци и квалитетно кафе.
Виното во “Fresci del Lago” се послужува на италијански начин, со даска квалитетно мезе.
За празникот на виното и љубовта, “Fresci del Lago” на 14 февруари организира забава со одличниот музички уметник Јован Куцин. Забавата почнува во 21.30 часот.
Квалитетните италијански вина кои ги нуди “Fresco del Lago” се произведуваат во Пиемонте на северот од Италија, еден од најдобрите вински региони во светот, кој е под заштита на УНЕСКО. Таму се одгледуваат само стари сорти винова лоза, а вината се извезуваат на големите пазари во Сад, Русија, Кина… Насадите со винова лоза во Пиемонте се заштитени со закон уште од 1933 и никаде на друго место во Италија или светот ги нема тие сорти. Некои од насадите се стари 150 години и се’ уште даваат квалитетен род.
OhridNews