Бразилскиот ас Винисиус Жуниор е казнет со два натпревари суспензија, откако доби директен црвен картон на натпреварот против Валенсија минатата недела. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Реал Ваљадолид во Ла лига. Од друга страна, Винисиус ќе може да игра во Суперкупот на Шпанија, кој започнува оваа среда во Саудиска Арабија.

Во 80. минута од натпреварот при резултат 1:0 за Валенсија, крилниот напаѓач на Реал го удри македонскиот репрезентативец на голот на Валенсија, Столе Димитриевски, и мораше да го напушти теренот по онтервенцијата на ВАР. Винисиус подоцна се расправаше со сите околу него, соиграчите едвај го смируваа, а по натпреварот му се извини на тимот и им се заблагодари за добрата игра, бидејќи Реал со играч помалку направи пресврт и славеше со 1:2.

Реал најави жалба со оглед на тоа што, како што тврдат, судијата не зел предвид дека на акцијата на Винсиус и претходела провокација на голманот на Валенсија, што потоа предизвикало реакција кај Винисиус.

OhridNews

Фото: Илустрација