Филмот “The filthy war” кој го опишува животот на Едуардо Флорес Чико, наводно ќе започне да се снима откако пред три години проектот беше одложен поради финансиски проблеми. Улогата на првиот странски доброволец во Хрватската војска ќе ја игра Руперт Грејвс.


Како што пренесуваат хрватските медиуми, улогата на воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ Аркан ја добил Вини Џонс, откако ја одбил Горан Вишниќ. Сеуште не е познато кога ќе започне снимањето, а филмот ќе го режира Џон Ирвин.