На аукцијата на мебелот и залихите на луксузниот париски хотел Де Криљон, кој се затвара поради двегодишна реставрација, 2000 шишиња вино биле продадени за 300 илјади евра. Хотелот имал вински подрум со импресивни 17 илјади шишиња, а најскап пијалок бил францускиот коњак Реми Мартен Луј 13 кој бил продаден за 9100 евра. Аукциската куќа која ја водела продажбата била задоволна со цената достигната на аукцијата која привлекла и аматери и професионални љубители на виното.
Хотелскиот мебел бил продаден за околу 5,7 милиони евра, а барот кој го дизјнирал францускиот скулптор Сезар достогнал највисока цена на аукцијата, повеќе од 324 илјади евра. Деновиве ќе биде организирана и продажба на кујната на хотелот кој има поглед на плоштадот Конкорд и кој бил затворен кон крајот на март. Камената зграда била направена по нарачка на Луј 15 и била изградена во 1758 година. Сега е во сопственост на саудиското кралско семејство, а во хотелот престојувале познати гости како Винстон Черчил, Ернест Хемингвеј, Чарли Чаплин, Бил Клинтон, Мајкл Џексон и Мадона.