Актерот Вин Дизел, кој се прославил со улогите во неколку акциони хитови, за време на едно интервју изјавил дека Фејсбук му должи милијарди долари. Своето тврдење го темелел на тоа што имал 41 милион фанови на таа друштвена мрежа. Тоа го изјавил како шега, но бил сериозен кога велел дека ја одржува популарноста на мрежата поради големиот број фанови на неговиот лик и дела.
Тој објаснил дека кога го направил својот профил единствена личност која имала милиони фанови бил Барак Обама, а тоа било во првата половина на 2009 година. Потоа, кога почнал да разговара со фановите станал број еден поради тоа што напишал “Здраво луѓе, Ве сакам!“.