Зарасната брада, коса и поглед кој се губи во далечината… Вака накратко можеме да го опишеме новиот изглед на славниот холивудски акционен херој Вин Дизел, кој го променил својот изглед за потребите на улогата која ќе ја има во филмот ‘The Last Witch Hunter’.

Популарниот актер, чиј заштитен знак е избричената глава, драстично го променил изгледот, а со фотографијата се пофалил и на својот официјален Фејсбук профил. Премиерата на филмот е закажана за следната есен, а во филмот ќе глумат уште и Елајџа Вуд, Мајкл Кејн, Роуз Лесли и многу други.