Американскиот актер, сценарист, режисер и продуцент Вин Дизел ќе ја воскресне популарната полициска серија „Коџак“ од седумдесеттите, снимајќи филм според неа. Ѕвездата на многу акциони филмови потпишал договор да го игра детектвиот кој го прославил Тели Савалас.
Актерот Кевин Добсон, кој во серијата го играл партнерот на Коџак Боби Крокер, изјавил дека со оваа улога Вин ќе направи одлична работа.