Луксузот на актерот Вин Дизел секогаш му е на прво место, па затоа за време на снимањата на филмовите никогаш не престојува во обични приколки, туку со себе ја носи својата удобна и пространа камп приколка. Ѕвездата на акционите филмови за својата двоетажна приколка, која е опремена како луксузен стан, издвоил 900 илјади долари, и моментално престојува во неа на снимањето на филмот ‘The Chronicles of Riddick: Dead Man Stalking’.

Во својот дом на тркала има видео надзор во кој вложил 70 илјади долари, а на катот на приколката направил игротека за своите деца и голема работна соба. Приколката за
Дизел ја изработила компанијата „Anderson Mobile Estates“, а слична таква приколка имаат и Мараја Кери, Шерон Стоун и Вил Смит.