Холивудскиот акционен актер Вин Дизел се радува на своето трето дете кое ќе го добие со невенчаната сопруга Палома Хименез, од која е постар 16 години, јавуваат холивудските медиуми. Вин Дизел сака да биде покрај својата избраничка за време на породувањето.

 

Терминот е на почетокот на април, а се нагаѓа дека токму поради тоа е откажана премиерата на „Fast and furious 7“ која требало да биде во Абу Даби. Премиерата на филмот сепак ќе биде во Лос Анџелес поради потребите на актерот. Дизел е познат по тоа што не сака премногу да зборува за приватниот живот во медиумите. Со Палома веќе ја има ќерката Ханиа и синот Винсент.