Вин Дизел, популарното холивудско име, има дури 78 милиони следбеници на Фејсбук, а како што пишува Цукерберг на својот профил, Вин сите своите статуси ги објавува лично сам. Дизел ја посети компанијата Фејсбук и зборувал за своите искуства на оваа социјална мрежа.

 

Цукерберг очигледно е обожавател на актерот, а Вин на Фејсбукот. Тие двајца откриле дека одлично се дружат заедно и дека имаат доста заеднички теми. Нивниот близок и добар другарски однос го потврдил и гестот на Марк кога во еден момент му ги зел очилата на Вин од главата и ги пробал како му стојат правејќи од тоа шега.