Актерот Вин Дизел во март стана татко по трет пат, и тоа на преслатко девојче, на кое му даде име Полин, по трагично настраданиот пријател и колега Пол Вокер. Иако навикнавме да го гледаме во улоги на силен човек, и токму поради тие улоги го обожаваме, со оваа фотографија одушеви многумина, и се покажа во поинакво светло. На фотографијата се гледа преслатката Полин како го држи таткото за глава.
По раѓањето на ќерката актерот преку социјалните мрежи ги извести фановите дека стана татко по трет пат. Меѓутоа, она со што допре до многумина е името кое го избра за неа. Тој тогаш рече дека и даде име Полин, бидејќи не постоела ниту една личност освен Пол на која мислел во моментот додека ја сечел папочната врвка. Вин Дизел е заедно со Палома Хименез од 2008 година, а круна на нивната љубов се синот Винсент Синклер, и двете ќерки, Ханија Рајли и Полин.