Електронска вилушка која вибрира кога пребрзо се јаде, од среда ќе се најде во продажба, а нејзините изумители велат дека може да помогне во борба против дебелината и дигестивните проблеми. Фабрис Бутен, основачот на компанијата која ја развила вилушката, рекол дека иако сеуште е во фаза на прототип, нивната вилушка наишла на голем интерес.
Таа се засновала на истражувања кои покажале дека со побавно јадење луѓето можат да изгубат на тежина. Новиот прибор за јадење, кој се мие и во машина за садови, содржи ЛЕД сијалици за предупредување, УСБ конектор и софтвер за компјутери и смартфони со помош на кој корисниците можат да го следат својот напредок во поздравиот ритам на исхрана. Наскоро ќе се појави и на редовниот пазар во Евроа и САД.