– Неочекуван и изненадувачки резултат, но за нас е супер бидејќи ја видовме Македонија во вистинско светло. Сега нивната игра на моите избраници можам да им ја прецизирам до детал. Во квалификациските натпревари со Македонија на “Филип Втори“ ќе биде пекол, секој бод што ќе го извлечеме ќе биде позитивен резултат – порача Белгискиот селектор, Марк Вилмотс.
Првиот од двата меча меѓу Македонија и Белгија се игра на 22 март во Скопје додека вториот е на 26 март во Брисел.