Британските медиуми денес добиле ретка прилика да објават нова фотографија од принцот Џорџ, синот на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кој наполни осум месеци и прв пат со родителите ќе оди на патување. Војводата од Кембриџ, втор по ред во наследувањето во кралското семејство, прикажан е на фотографија како со сопругата и синот гледа низ прозорецот на својот стан во Палатата Кесингтон во Лондон. Насмеаната војвотка Кејт го држи синот додека позира, додека осуммесечниот принц гледа во домашниот миленик Лупу, црн кокер шпаниел кој е во рацете на Вилијам.

Откако е роден, јавноста можела да го види Џорџ само два пати, прв пат кога со мајката излегол од болница по породувањето, а втор пат за време на крштевката во октомври. Последната фотографија која ја снимил портретистот на славни личности Џејсон Бел пред неколку седмици, објавена е пред семејното патување во Австралија и Нов Зеланд на 7 април. Кралскиот пар на 18-дневното патување ќе биде во друштво на шпанската дадилка Марија Тереса Турион Бораљо, која обуката ја завршила во познатиот колеџ Норланд на западот од Англија.