Кралскиот пар Вилијам и Кејт привлекле големо внимание кај публиката на Вимблдон за време на мечот помеѓу Рожер Федерер и Михаил Јужни. Принцот и принцезата мечот го следеле од кралската ложа, а нивното појавување на трибините било проследено со овации и аплауз, па тенисерите малку паднале во сенка.
Кејт уште еднаш ги собрала сите пофалби за своето облекување, бидејќи се појавила во бел фустан со карактеристични морнарски детали. Минатата седмица на Вимблдон бил и принцот Чарлс и тоа за прв пат во последниве 42 години, а на турнирот дошол во друштво на својата сопруга Камила.