Викторија во неделата го родила девојчето кое добило име Харпер Севен, а нејзини потенцијални кумови за крштевката би можеле да бидат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Дејвид се сретнал со кралскиот пар на официјална вечера организирана во Калифорнија. Викторија го пропуштила дружењето бидејќи тогаш била многу исцрпена, но Дејвид сепак одлучил да оди.


Извор близок на семејството изјавил дека славниот пар се надева како кралскиот пар ќе се согласи на оваа нивна желба, и дека би биле пресреќни. Дејвид и Викторија присуствувале на нивната венчавка, а Кејт неколку пати изјавила дека обожава да носи облека дизајнирана од Викторија. Викторија и Дејвид сеуште се премногу среќни и возбудени поради раѓањето на нивната прва ќерка.