Гостувајќи во една американска телевизиска емисија, принцот Вилијам и неговиот брат Хари признале дека едвај чекаат да станат татковци. За принцот Вилијам цуцлите и пелените не се далечна иднина, бидејќи е најстариот внук на британската кралица Елизабета кој е во брак.
Тој рекол дека Кетрин и тој се радуваат што во иднина ќе имаат семејство, додавајќи дека нема ништо да каже околу евентуалната бременост на својата сопруга. Неговиот брат Хари рекол дека би сакал да има дете, но дека сеуште не било време за тоа.