Поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол откри пикантерии од соблекувалната и приватниот живот после изгубеното финале на пенали од Италија на Мундијалот во Германија 2006 година. „Азурите“ стигнаа до титулата, а финалниот натпревар го одбележа Зинедин Зидан кој со глава го удри Марко Матераци. Аргентинскиот судија му додели црвен картон на Зизу, а во пенал серијата трагичар беше Давид Трезеге.
После мечот, во соблекувалната, Зидан на сите им се извинуваше. Но јас не го прифатив извинувањето. Не сакав да разговарам со него. Не беше време за разговор, бевме премногу разочарани. Не зборувавме 2 години потоа. Отидов во тоалет и испушив 250 цигари за 10 минути. Во 2008 година се оженив и сопругата ми рече да го поканам Зидан на венчавката. Го викнав и потоа отидовме заедно на појадок. Тоа беше многу долг и интересен разговор. – изјави Сањол.
Сањол фудбалски се прослави во составот на Баерн Минхен. Французинот дресот на „баварците“ го носеше девет сезони. Претходнод настапуваше за Монако (три сезони) и Сент Етјен (две сезони).
OhridNews