Екипата на Вила Свис е победник на осмиот меморијален турнир во мал фудбал “Стефан Толески“ во Пештани. До победата стигнаа откако во драматично и возбудливо финале го совладаа битолска Брник со 3-2.


Охриѓани први дојдоа во предност со голот на Гоце Маркоски. Со двата погодоци на Сотироски Иван, битолчани направија комплетен пресврт и на одмор заминаа со гол позитива 2-1. На стартот на вториот дел изедначи Агушевски Аднан, а победничкиот гол вреден титула на десет минути пред крајот беше дело на Лолески. До крајот на мечот Брник се обидоа да стигнат до ново изедначување но не успеаа да го совладаат одличниот  Мисерловски на голот.





М.П.