Најдобриот стрелец на ЕП Давид Виља ќе го пропушти финалниот меч против Германија в Недела.

Шпанскиот напаѓач го напушти теренот во 35 минута поради повреда, а на негово место шанса доби Фабрегас кој натпреавот го одигра маестрално.

Виља го истегна мускулот при изведување на еден слободен удар.
 
–    Виља нема да игра во финалето – рече селекторот Луис Арагоњес.

Најдобриот стрелц на ЕП со 4 постигнати гола од кои еден хет-трик, ја прифати судбината велејќи.

Разочаран сум што нема да бидам дел од финалето. Но подобро да игра некој фит играч отколку јас. Се надевам дека сепак ќе се радувам во Недела.

ohridnews