Холивудскиот актер Вил Смит преговара за улога во римејкот на филмот „Фантастично патување“, објавил „Холивуд репортер“. Режисерот Шон Ливи договорил состанок со јунакот на филмовите „Луѓе во црно“ во надеж дека овој ќе ја прифати улогата.


„Фантастично патување“ ќе биде римејк на филмот од 1966 година кој зборува за група научници кои ги смалуваат до големина на атом и кои патуваат во минијатурна подморница во телото на еден научник како би му го спасиле животот. Продуцент на филмот ќе биде Џејмс Камерон. Сценариото го напишала Лета Калогридис, која со Камерон работела на филмскиот хит „Аватар“.