Холивудскиот актер Вил Смит најавил дека новиот проект на кој по терт пат ќе соработува со синот Џејден најверојатно ќе биде комедија. Смит, кој пристигнал на Тајван како би го промовирал научнофантастичниот филм “After Earth”, во кој игра со 15-годишниот син, на новинарите им рекол дека забавната индустрија е семеен бизнис и дека е сигурен дека повторно ќе соработува со своите деца.

Смит додал дека Џејден сакал комедила бидејќи во кариерата играл во доста драми. Драмата била негов потпис и сега сакал да се испроба во комедијата. Таткото и синот прв пат соработувале во драмата „Во потрага за среќа“. Филмот “After Earth” е приказна за борба на ликовите кои ги играат тој и синот да преживеат бидејќи паѓаат на земјата 1000 години откако луѓето ја напуштиле во потрага по друга планета.