Холивудската ѕвезда Вил Смит најави враќање на музичката сцена која во последниве години ја запостави поради своите актерски ангажмани. Популарниот актер има намера да сними нов албум до следната година и да оди на својата прва светска турнеја. Минатата недела Смит ги изненади своите фанови рапувајќи на ремикс на песната „Фиеста“ на колумбискиот бенд Бомба Естерео.

 

Смит во разговор за една радио станица изјави дека снимил повеќе од 30 песни од кои шест или седум навистина му се допаѓаат. Тоа ќе биде негов прв албум од 2005 година кога го издаде “Lost and Found”. На турнејата, досега најголема во кариерата, планира да тргне во 2016 година. На настапите ќе го следи диџејот Џези Џеф со кој во осумдесеттите години од минатиот век го сочинуваше хип хоп дуото „DJ Jazzy Jeff&The Frensh Prince“.