Холивудскиот актер Вил Смит започнал во Њујорк со снимањето на третото продолжение на филмот „Луѓе во црно“. Минаа повеќе од 13 години откако Вил за прв пат го облече црното одело во филмот „Луѓе во црно“. Сведоците говорат дека актерот изгледал одлично како агентот Џеј и воопшто не се променил.
Малку се доцнело со почетокот на снимањето, бидејќи главниот актер не бил во целост задоволен од сценариото, но продуцентите тврдат дека проблемот се надминал, и дека третото продолжение на приказната заснована на урбаната легенда за тајната владина агенција која ја чува Земјата од вонземјаните ќе биде снимено. Покрај Вил Смит во филмот ќе се појави неговиот веќе проверен партнер Томи Ли Џонс.