За екранизација на најновата приказна за Робин Худ ангажиран е холивудскиот актер Вил Смит. Пред него, славниот јунак го глумеше актерот Расел Кроу, а својата шанса не сака да ја испушти ниту Вил Смит. Актерот ќе соработува со браќата Вачовски, кои се автори на сценарито за филмот.


Со нив тебало да соработува и на филмскиот хит „Матрикс“, но тогаш се одлучил за улога во филмот “Wild wild West”. Модерната верзија за Робин Худ ќе биде мнгу поинаква од сите останати до сега. Браќата Енди и Лари, попознати под своето презиме Вачовски, се познати по своите необични сценарија.