Џанго во филмот „Осветата на Џанго“ на Квентин Тарантино го отелотворил Џејми Фокс, кој беѓе номиниран и за Оскар, но првично улогата му била понудена на Вил Смит. Тој ја одбил историската улога на робот кој ја спасува својата сопруга бидејќи сметал дека Кристоф Волц, иако во споредна улога, всушност е носител на целиот филм. Волц бил награден со Оскар за најдобра машка споредна улога.
Вил во интервју рекол дека Џанго не бил главен, а тој мора секогаш да биде главен. Додал дека филмот е фантастичен, но не бил за него. Тој веќе глумел во вестернот ‘Wild Wild West’, па токму затоа Тарантино го сакал во главната улога.