Актерот Вил Смит бил снимен со колешката Марго Роби во пози кои не се баш пријателски, односно како се слекуваат, прегрнуваат, а таа ги покажува градите. Американското списание Стар ги објавило фотографиите кои настанале на снимањето на филмот „Фокус“.
На фотографиите, кои настанале во фото кабина, Вил и Марго се повеќе од блиски. Може да се види како се соблекуваат, прегрнуваат, а таа на една од фотографиите ги покажува градите. Неименуван извор рекол дека изгледале вљубено. Вил тој ден го завршил снимањето и не бил пијан. Ги видела целата екипа од филмот. Веќе неколку месеци се појавуваат информации дека петгодишниот брак на Вил Смит и Џада Пинкет е во криза. Тие неодамна на продажба ја ставиле и нивната вила, а заедно не се појавиле во јавност од летото.