Имало многу погодувања кој ќе биде последниот гостин во прошталната емисија на Опра Винфри која кралицата на ток шоуто успешно ја водела цели 25 години. После големи дилеми, официјално било објавено дека гости во последната емисија ќе бидат парот Вил и Џада Смит. овој пар веќе неколку пати бил гостин кај Опра, со која и приватно се дружат, а тие изјавиле дека ќе им биде големо задоволство и чест една ваква емисија да ја испратат во минатото.


Фановите на Опра едвај чекаат да видат што им припремила за последната емисија која ќе трае полни два часа. Таа веќе започнала да снима ново шоу за својата сопствена телевизиска мрежа “OWN – Oprah Winfrey Network”.