Таткото и син, Вил и Џејден Смит, „триумфирале“ во саботата ноќта на доделувањето на Златните малини, неблагодарни признанија кои се доделуваат за најлоши холивудски достигнувања во изминатата година. Како што пренесуваат медиумите, Смит постариот и помладиот добиле признанија за најлоша главна и споредна улога за научнофантастичниот филм „После Земјата“. Малина за налош филм освоила комедијата “Movie 43” во која се појавуваат голем број ѕвезди, како Кејт Винслет, ричард Гир, Хали Бери и Наоми Вотс. Тајлер Пери ја понела наградата за најлоша женска улога во комедијата “A Madea Kristmas”, додека Ким Кардашиан е прогласена за најобра споредна актерка за улогата во филмот “Tyler Perry’s Temptation”.

Иако имала дури осум номинации, комедијата на Адам Сендлер „Grown ups 2“ успеала да не добие ниту едно признание. Сендлер претходно се запиша во аналите на Златните малини со рекордни 20 номинации и освоени десет малини. Дизниевиот вестерн „Осамениот ренџер“ со Џони Деп во главната улога, едно од минатогодинешните неупешни високобуџетни остварувања, освоил награда за налош римејк. Златните малини се доделуваат од 1980 година како своевидна пародија на Оскарите. Добитниците обично не се појавуваат на свеченоста. Исклучоци се Хали Бери и Сандра Булок кои лично го презеле своите со златен спреј испрскани трофеи.