Светското фудбалско првенство во Јужна Африка значително го поттикна обложувањето и придинесе за постигнувањето на мошне добри финансиски резултати, соопшти денеска обложувалницата „Вилијам Хил“, објаснувајќи дека тоа помогнало за „залекување“ од загубите што беа остварени со коњичката трка „Ројал Аскот“.


Според претставникот на оваа фирма, неодамна завршеното Светско првенство е едно од најдобрите и најуспешните, кога станува збор за обложувањато, во последните 40 години, додека најпознатата коњичка трака во Велика Британија, во Аскот оваа година е најлошото постигнување на „Вилијам Хил“ во историјата на оваа фирма.

„Вилијам Хил“ бележи значителен раст на својот бизнис во он-лајн обложувањето и кај автоматите за игри на среќа.

Во соопштението за финансиските ефекти, се вели дека за успешноста на фирмата за годинешново Светско првенство најмногу помогнал поразот на Шпанија во првото коло од натпреварите по групи од Швајцарија, затоа што тоа ја отвори можноста повеќе кандидати да се јават како претенденти на светската титула, а тоа го поттикна обложувањето.

Гледано патриотски, „Вилијам Хил“ жали поради неуспехот на англиската фудбалска репрезентација на ова првенство, но токму „патриотското обложување“ на англиските навивачи и на Британците, донесе профит и помогна за санирање на загубите што фирмата ги имаше по „Ројал Аскот“.

“Извор Миа“
Ohridnews